[rev_slider alias=”home”]

Нашата визија – здравје од природата

Фармацевтската индустрија Интер-Еврогенекс е подолго време присутна на македонскиот и светскиот пазар. Интер-Еврогенекс се занимава со производство на ексклузивни хербални лекови исклучиво од 100% природно потекло.

Нашата визија е здравје од природата, визија која упатува на користење на уникатните природни ресурси за лечење на сите болести. Ние во Интер-Еврогенекс знаеме дека за секоја болест и состојба, постои соодветен третман од природата. Затоа сите наши напори ги насочуваме кон истражување на природните ресурси и откривање на билни комбинации – лек за секоја болест.

Знаењето и искуството на нашиот кадар, потпомогнато од најсовремените технолошки достигнувања кои ги имаме имплементирано во нашите лаборатории, ни даваат идеални услови за создавање на најдобриот производ.